спорт

Манифестација – “Движи се за здравје” во Градски парк

Учество на манифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ – Фонтана, градски парк 17.09.2019г. Децата од 5-6 годишна возраст, од објектот Н.Н.Борче заедно со останатите деца од сите градинки во Скопје се забавуваа со игри, спорт и музика.

Меѓународен ден на спортот, одбележан во објект Бели Мугри

По повод – “Меѓународниот ден на спортот”, на ден 27.05 во холот на објектот Бели Мугри беа организирани спортски активности со децата од 2 – 6 годишна возраст.
Децата ја покажаа својата спретност за ориентација во просторот и движењето со конкретна цел.

IMG_20190523_094354
Одбележување на Меѓународниот ден на спортот во објект Н.Н.Борче

По повод 25 мај – Меѓународниот ден на спортот во објектот Н.Н.Борче беа организирани спортски активности со децата од 5-6 год. Децата ја покажаа својата спретност во движењето на полигон, погодуваа во кош, се влечеа со јаже, пренесуваа топчиња во лажичка, а најважно од се многу се забавуваа.