рециклирање

IMG_3815
Втора работилница од проектот: Учиме за отпадните масла за готвење

На ден 05.12.2019 во сите објекти во групите од 4-5 год. возраст се реализираше втората работилница на тема: Зошто искористеното масло за готвење не треба да се истура во мијалникот и тоалетната школка?

maslo10
Проект -“Учиме да собираме и рециклираме отпадно масло за јадење”

Во текот на месец април, во сите објекти на нашата установа во групите од 4 – 6г., беше реализирана третата работилница од проектот “Учиме за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење”.

maslo3
Учиме за отпадно масло – Матичен објект

На 27.02 2019 г децата од од групите од 4-6 год, во Матичен објект, беа дел од проектот “Учиме за отпадното масло” на компанијата “Sunilens” и Министерството за образование. Одржани работилници во групите, гостин-родител и следење на документарен филм, беа некои од активностите при реализација на проектот.
Проектот ќе продолжи да се реализира и во наредните месеци.

IMG_8954
Работилници за отпадно масло во објект Панорама

На ден 26.02.2019г. во групите од 4 – 6г. се реализираа работилници за отпадно масло. Со децата се водеше разговор на тема: Како се добива масло, какви видови на масло има, за што служи и како се собира и рециклира. Децата ги имаа доставено домашните записи од родителите на тема: Што прават со искористеното масло и истите беа прочитани. Беше проследен документарен филм за отпадното масло, а потоа ги боеја илустрираните цртежи.

20190222_095732
Работилници за отпадно масло во објект Бели Мугри

Во групите од 4 – 6год. на ден 22.02 2019 г. се орджаа работилници за отпадно масло, со цел децата да осознаат за што се користи маслото, што готвиме со него, каква е неговата боја и од што се прави и секако каква боја има искористеното масло, како мириса и каде и во што го собираме, односно фрламе искористеното масло . Децата ги поттикнавме да одговораат на прашањето “Што прават нивните родители со маслото кое ке остане после готвењето”?. Активноста продолжи со боење на тематски илустрирани листови.

IMG_8205
Работилници за отпадно масло – Н.Н.Борче

Во рамки на проектот -Учиме да собираме и рециклираме за отпадни масла за јадење, во објект Н.Н.Борче во групите од 4 – 6г. се реализираа работилници. Целта беше, децата да научат дека отпадното масло треба да се собира и рециклира, а не да се истура било каде. Децата се тие кои можат да ги поттикнат родителите да го собираат маслото и да го дистрибутираат. во компании кои овозможуваат понатамошен третман и рециклирање на овој вид на отпад.