прочистувачи

DSC_6402
Посета на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули

На ден 08.02.2019 год градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ја посетија градинката „Кочо Рацин“, каде што се инсталирани прочистувачи на воздухот. Истите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата на РМ што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето во нашата држава.