професија

pcelar2
Посета на пчелар во објект Панорама

Претставник од пчеларското здружение ,,Матица” на ден 25.09.2019 год. во просториите на објектот ,,Панорама” презентираше едукативна содржина на тема: ,,Пчели и мед” пред децата од воспитната група од 5-6 год. Децата стекнаа сознание за животниот циклус на пчелите, живеалиштата, нивната корист, професијата пчелар и неговата пчеларска опрема. На крајот децата се засладија со најздравиот производ од природата- медот.

marijana1
Дружење со родител во група Супер Ѕвезди

На ден 09.04.2019 година во група Супер Ѕвезди од објект Бели Мугри, гостуваше родител гостин д-р Виолета Српанова. Таа се обиде на доста сликовит начин да им ја објасни важноста на улогата на лекарите во животот на луѓето. Децата имаа можност да видат повеќе инструменти како стетоскоп, шпатули, ракавици, заштитни маски, капи, епрувети, пипети и сл.

Дружење со гостин родител – лекар

На 08.04.2019г. гостин во групата од 4 – 5г. беше родител лекар Бојан Бошковски. Тој раскажуваше за неговата професија, униформа, лекарски прибор, потоа ги прегледа сите другарчиња, ни даде многу добри совети за зачувување на нашето здравје, но најважно е што од сега веќе нема да се плашиме кога одиме на лекар.

Гостин родител во група Мечиња – Бели Мугри

Во рамките на реализација на проектот “Како се разболуваме, како се лекуваме” на 5ти април во групата од 3 – 4г. беше гостин родител лекар – Весна Цеков. Покрај разговорите за нејзината професија, како нагледни средства ни донесе медицински помагала и предмети (шпатули, шприцеви, маски, стерилни чаши) но и стетоскоп со кои децата “играа” лекари.

farmaceft1
Гостин родител во објект Бели Мугри

Со цел да го одбележиме денот на мајката 8ми Март во групата од 5 до 6 години гостуваше гостин родител Оливера Наковска која што раскажуваше за нејзината улога во семејството и нејзината професија – Клинички фармацевт. Децата внимателно ја слушаа што им раскажува и со интерес поставуваа прашања.

smartcapture
Гостин родител по повод денот на жената во објект Бели Мугри

На 7ми март- четврток , а по повод денот на жената 8-ми март но и по повод неделата посветена на жената како мајка, баба, работник, учителка.. во групата од 3-4 години – Мечиња ја посети гостин родител. Мајката Маја зборуваше за нејзините обврски како мајка на Даме, како сопруга во домот но и за работните обврски како вработена жена во институцијата во која работи. Како знак на благодарност за посетата и одвоеното време, децата од групата и нацртаа цвеќиња.

image2
Посета на МОБ – деца од Матичен објект

Во уште една потрага по идна професија, воспитната група “Сонциња”, 4-5 год. од Матичен објект, на ден 19.02.2019 год ја посети Македонската опера и балет. Низ разговор и дружење со балерините и балетаните, децата открија многу работи за оваа професија, научија за бон тон при следење на балет, разменија многу подароци.. Прекрасно доживување и огромна благодарност до сите што им посакаа топло добредојде на децата..Пред се вработените во МОБ успеаа да ги разбудат детските желби и фантазии – еден ден да бидат балерини – балетани…

lekar1
Гостин – родител лекар – Матичен објект

На ден 12.02.2019г. групата “Сонциња” од 4 – 5г. од Матичен објект, ја посети д-р Ленче Kостадинова. Таа низ игра и разговор ни одговори на сите наши детски прашања поврзани со професијата – ЛЕКАР. Низ игра, нашите кукли беа прегледани, преврзани, си разменивме подароци, а и многу детски желби беа поттикнати, да се биде хуман – да се биде лекар.

vet2
Посета на ветеринарна станица – Матичен објект

На ден 05.02.2019г. децата од воспитната група “Сонциња” од 4 – 5 год. од Матичен објект ја посетија ветеринарната станица, каде што во разговор со ветеринар се запознаа со неговата професија и научија за грижата и негата на животните.