пролет

DSC05855
Активности по повод Денот на Планетата Земја во објект Панорама

На ден 22.04.2019г. по повод Денот на Планетата Земја, во објект Панорама во групите од 2 – 6г. се реализираа повеќе активности – садење на семчиња и цвеќиња, пролетни игри во двор, изработка на макети со загадена и незагадена планета, цртаа на тема – загадувачи, се со цел децата да се едуцираат како да се грижат за планетата која е нивни дом и значењето на здравата и чиста околина за нивното здравје.

Одбележување на Ден на пролетта во Матичен објект

На ден 21.03 2019, група “Сонциња” од 4 до 5 години, го одбележа Денот на пролетта со садење на цвеќиња во дворот од градинката. Децата со љубов и внимание ги насадија цвеќињата за да ја разубават околината и ја поздравија пролетта.

Ден на пролетта во Панорама

На ден 22.03.2019г. децата од објект Панорама од воспитните групи од 2 – 6г. излегоа во дворот на објектот, засадија садници и цвеќиња и така го одбележија доаѓањето на првиот ден на пролетта, а воедно и го разубавија дворот со разновидни цветни аранжмани.