приредба

panorama_5
Нашата градинка Панорама, еколошка стана

После 35 години постоење и греење на мазут, нашата градинка Панорама еколошка стана. Во целиот објект се поставија 33 нови високоефикасни инвертер уреди за ладење и греење. Како дел од Планот за чист воздух на Министерството за животна средина овој проект го реализираше Општина Центар, а финаниските средства ги обезбеди АД МЕПСО.

Мира
Настап во Дом на АРМ – деца од објект Бели Мугри

На ден 13.12.2019 год. на сцената во Дом на АРМ, пред многубројна публика, со музичка точка настапија децата од 5 – 6 год. од објект Бели Мугри. Децата со својот настап дадоа свој придонес во збогатувањето на програмата, организирана по повод 75 години јубилеј на ОУ – Кочо Рацин.

detska_nedela3
Детска недела – приредба во објект Бели Мугри

По повод одбележувањето на Детската недела во објектот Бели Мугри на ден 09.10.2019 год. децата од воспитната група од 5-6 години, “Зајачиња” на своите другарчиња од другите групи им подготвија приредба со која ги запознаа со детските права, децата од светот, одговорностите во домот и градинката, детската игра и песна. Секое дете треба да има топол дом, храна, љубов, внимание и безгрижно детство, порачаа децата од градинката Бели Мугри.

DSC_6546
Одбележување на Денот на нашата градинка

Денот на нашата градинка, под мотото: „Ние сме виножито од можности“, беше одбележан на 21.05.2019 година во холот на Матичниот објект. Прекрасната приредба со преубавата сценографија ја проследија многубројни гости меѓу кои и Градоначаникот Саша Богдановиќ со претставници од Општината. Децата со својата изведба ја доловија приказната за виножитото и неговите бои.

priredba1
Приредба по повод 13ти Ноември во Матичен објект

На 13.11.2018 година во Матичниот објект, со приредба во холот беше одбележан роденденот на нашиот град. Децата од воспитните групи од 5-6 години ,,Верверички” и од 4-6 години ,,Ежиња” се претставија со стихови, игри и песни за градот, пред децата од помалите воспитни групи.

13_ti1
Роденденот на градот Скопје – 13 ти Ноември

Роденденот на градот Скопје – 13 ти ноември, беше одбележан во весела и празнична атмосфера. По тој повод беше реализирана заедничка приредба со наслов – Скопје граду мој. Учество во приредбата земаа воспитните групи од 4 – 6г.