Панорама

panorama_5
Нашата градинка Панорама, еколошка стана

После 35 години постоење и греење на мазут, нашата градинка Панорама еколошка стана. Во целиот објект се поставија 33 нови високоефикасни инвертер уреди за ладење и греење. Како дел од Планот за чист воздух на Министерството за животна средина овој проект го реализираше Општина Центар, а финаниските средства ги обезбеди АД МЕПСО.

druzenje_1 - Copy
Новогодишно дружење во објект Панорама

Традиционално, за време на новогодишните празници се трудиме да го разубавиме просторот кој не опкружува. Затоа родителите и децата од објект Панорама на ден 17.12.2019 год. во весела атмосфера и добро расположение се потрудија да направат убави и креативни новогодишни украси за елката, чија идеја и креација е дело на вработените, а беше поставена во холот на објектот.