Општина Центар

panorama_5
Нашата градинка Панорама, еколошка стана

После 35 години постоење и греење на мазут, нашата градинка Панорама еколошка стана. Во целиот објект се поставија 33 нови високоефикасни инвертер уреди за ладење и греење. Како дел од Планот за чист воздух на Министерството за животна средина овој проект го реализираше Општина Центар, а финаниските средства ги обезбеди АД МЕПСО.

gradonacalnik6
Ден на урбана средина

На ден 07.11.2019 год. по повод Денот на урбана средина, децата од објектот Н.Н.Борче (група – Цветови од 5 – 6г.) ја посетија Општина Центар и Градоначалникот Саша Богдановиќ. Децата имаа можност да го прашаат градоначалникот за неговата работа во Општина Центар.

CA7A0216
ВО СВЕТОТ НА НАСМЕВКИТЕ

На ден 01.04.2019 год. во холот на Матичниот објект, во присуство на Градоначалникот Саша Богдановиќ и претставници од општината, се реализира манифестацијата: „Во светот на насмевките“, а по повод 1ви април – Денот на шегата. На манифестацијата учествуваа децата од градинките „Кочо Рацин“, „Р. Ј. Корчагин“ и „13 Ноември“ со свои музички перформанси. Манифестацијата беше […]

IMG_9083
Театарска претстава во објект Бели Мугри

На ден 27.02.2019г. децата од 4 – 6г. од објектите Бели Мугри и Панорама, ја проследија претставата – Check-in – Пред зграда, во организација на Општина Центар. Тие со големо внимание и интерес ја гледаа претставата, а потоа во занимална ги искажаа своите впечатоци и истите ги претставија на цртежи.

zgrada1
Театарска претстава – Check in: Пред зграда – Матичен објект

На 22.02.2019 год. децата од возрасните групи од 4-6 год. од Матичниот објект ја проследија театарската претстава – Check in: Пред зграда. Целта на оваа претстава беше – децата преку театарски јазик, близок и разбирлив за нив, да го согледаат негативното влијание од постојаното користење на паметните уреди и социјалните мрежи.

DSC_6402
Посета на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули

На ден 08.02.2019 год градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ја посетија градинката „Кочо Рацин“, каде што се инсталирани прочистувачи на воздухот. Истите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата на РМ што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето во нашата држава.

denovi_centar
Денови на Општина Центар

На ден 02.11.2018г. по повод – Деновите на Општина Центар, беше организирана манифестација во просториите на кино – Култура, во присуство на Градоначалникот, претставници од Општината и гости. Со своето присуство, манифестацијата ја збогати и учеството на децата од објект Н.Н.Борче, возрасна група од 5 – 6г .кои се претставија со музичко-драмска игра – Музикални мечиња и при тоа со својот настап, предизвикаа громогласен аплауз и воодушевување кај присутната публика.