музика

All-focus
Одбележување на Европски ден на музиката во објект Н. Н. Борче

По повод Европскиот ден на музиката, во објект Н.Н..Борче беа гости-родители – музичари, кои се претставија со нивните инструменти – виолина и гитара. Тие на децата им ја објаснија нивната намена и функција, а потоа преку музика и забава заедно со децата се дружеа.

image1
Европски ден на музиката

По повод 7-ми Ноември – Европскиот ден на музиката, восп. група “Сонциња”, 5-6 г. од Матичен објект, го посети Ансамблот за народни песни и ора “Кочо Рацин”. Пречекани на традиционален начин, со леб и сол, децата се запознаа со македонската традиционална музика, народните инструменти и обичаи, како и некои од нашите ора.

Манифестација – “Движи се за здравје” во Градски парк

Учество на манифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ – Фонтана, градски парк 17.09.2019г. Децата од 5-6 годишна возраст, од објектот Н.Н.Борче заедно со останатите деца од сите градинки во Скопје се забавуваа со игри, спорт и музика.

evropski_den_muzika
Европскиот ден на музиката

По повод 07.11. Европскиот ден на музиката, во објект Н.Н.Борче во соработка со државното музичко балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ беше одржан мини концерт, на кој се претставија неколку ученици со различни инструменти. Децата од 5 – 6г. имаа можност да се запознаат со различните инструменти (гитара, виолина, пијано и хармоника), во исто време и да уживаат во прекрасната музика од познати детски композитори.

kud_tanec
Посета на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,,Танец”

На ден 07.11.2018 г. децата од воспитната група од 5-6 години ,,Верверички’ од Матичен објект, беа во посета на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,,Танец”. Целта на посетата беше, децата да се запознаат со македонската традиционална музика, песни, ора, носија и со професиите – играорец, пеач и кореограф.