куклена

teatar3
Ден на театарот – куклена претстава во објект Бели Мугри

Во објектот Бели Мугри, Денот на тетарот – 27- ми март беше одбележан со интерна куклена претстава “Помирисни и слушни”, реализирана од тимот на воспитувачи. Претставата ја следеа децата од сите воспитни групи од објектот, кои, поради интересните кукли, музика и комичната но воедно и поучна содржина на претставата, останаа со полно внимание до самиот крај.

IMG-331710e82ad81bfe530fbfe01decd2fc-V
Куклена претстава во објект Бели Мугри

На ден 07.02 во објект Бели Мугри од страна на воспитниот тим, беше реализирана куклена претстава ” Зимско капутче за малиот ежко” која ја проследија децата од 2-6 годишна возраст. Динамиката на случувањата во самата претстава и изобилството на ликови во истата, ги воодушеви децата и несомнено го задржа нивното внимание. Репер за детскиот интерес, беа громогласните аплаузи и желбата да се пролонгира траењето на претставата.