Земја

gdi_3
Запознавање со илустрирани мапи со посета на ГДИ

На ден 15.05.2019г. децата од 5 – 6г. од објект Бели Мугри беа во посета на фирмата ГДИ, каде вработените преку документиран филм им раскажаа на децата за Планетата Земја, а преку илустрирани мапи и за сите континенти посебно. Децата научија многу нови работи и го збогатија своето знаење. На крај од посетата секое дете доби по една сложувалка од Планетата Земја.

DSC05855
Активности по повод Денот на Планетата Земја во објект Панорама

На ден 22.04.2019г. по повод Денот на Планетата Земја, во објект Панорама во групите од 2 – 6г. се реализираа повеќе активности – садење на семчиња и цвеќиња, пролетни игри во двор, изработка на макети со загадена и незагадена планета, цртаа на тема – загадувачи, се со цел децата да се едуцираат како да се грижат за планетата која е нивни дом и значењето на здравата и чиста околина за нивното здравје.

IMG_3511
Одбележување на Денот на Планетата Земја во Матичен објект

На ден 18.04.2019г. воспитните групи од 2 – 3г. го одбележаа Денот на Планетата Земја. Во попладневните часови заедно – родителите и децата садеа садници во дворот. На тој начин кај децата уште од најмала возраст се развива свест за тоа како треба да се грижат за природата и за нашата планета да биде зелена и да има воздух чист.

Еко – акција по повод Денот на Планетата Земја во објект Бели Мугри

По повод Денот на Планетата Земја – 22 ри Април, во објект Бели Мугри, беше организирана Еко-акција за собирање отпад од дворот на објектот. Во реализацијата учествуваа децата од 3-6години, кои собираа чаши, хартија, шишиња и друг ситен отпад од тревната површина.