животни

zoo2
Посета на Зоолошка градина

Во рамки на предвидените активности, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама ја посетија Зоолошката градина. Низ царството на животните ги водеше едукаторот Александар кој на децата им раскажуваше за животните.

IMG_123651375
Посета на зоолошка градина – Н.Н.Борче

На ден 04.04. групите “Пчелички” и “Сонциња” од објект Н.Н.Борче, беа во посета на зоолошката градина. Децата со радост шетаа низ зоолошката и ги разгледуваа животните, а и научија нешто повеќе за шумските животни и птиците, во рамки на проектните активности.

IMG_2019
Попладневна работилница во објект Н.Н.Борче

На ден 28.03. во групата “Пчелички” во објектот Н.Н.Борче, беше реализирана попладневна работилница во рамките на проектот “Шумски животни “. Родителите заедно со своите деца моделираа шумски животни и нивни живеалишта. од глина.

IMG_201903192
Посета на Природонаучен музеј – објект Н.Н.Борче

Во рамки на проектот “Шумски животни”, на ден 19.03.2019г. група деца “Пчелички” од објект Н.Н.Борче, на возраст од 5-6 год. беа во посета на Природонаучниот музеј на Македонија. Децата со внимание и интерес ги разгледаа поставките во музејот и ги проширија знаењата за животните, слушајќи го кустосот- биолог Зоран кој не водеше низ истиот.

vet2
Посета на ветеринарна станица – Матичен објект

На ден 05.02.2019г. децата од воспитната група “Сонциња” од 4 – 5 год. од Матичен објект ја посетија ветеринарната станица, каде што во разговор со ветеринар се запознаа со неговата професија и научија за грижата и негата на животните.