дружење

vezbam_9
Вежбам со мама и тато – попладневно дружење со родителите во Матичен објект

Татковци и мајки, браќа и сестри, заедно со децата од групата Детелинки (4-5 год) од Матичниот објект, вежбаа правилно дишење и истегнување на телото, се забавуваа и посакаа оваа дружба пак да се повтори.

heroj_1
Секој од нас може да биде супер херој

Денешниот ден беше посебен за децата од групите Детелинки и Буба Мари (4-5 год) од Матичниот објект. Тие денес се дружеа со Билјана Црвенковска, писателка на современа литература за деца и авторка на приказните Светот на Биби, со родителите-гости, уметникот Доротеј Нешовски од Детскиот креативен центар на МКЦ и ликовниот педагог Симона Игнатовиќ.

druzenje_1 - Copy
Новогодишно дружење во објект Панорама

Традиционално, за време на новогодишните празници се трудиме да го разубавиме просторот кој не опкружува. Затоа родителите и децата од објект Панорама на ден 17.12.2019 год. во весела атмосфера и добро расположение се потрудија да направат убави и креативни новогодишни украси за елката, чија идеја и креација е дело на вработените, а беше поставена во холот на објектот.

IMG-76e2574c28d7caf8d3f7753c4527b53b-V
Креативна работилница со родители на тема „Новогодишни свеќници“-Н.Н.Борче

На ден 12.12.2019г. во просториите на објектот Н.Н.Борче се одржа креативна работилница со родители на тема „Новогодишни свеќници“. Во занималните владееше весела атмосфера.

druzenje_6
Попладневно дружење со родители во објект Панорама

На ден 21.12.2019г. во просториите на објект Панорама, децата од воспитните групи од 3 – 5 год. реализираа попладневна креативна работилница на тема ,,Изработки од тиква”. Родителите со своите деца изработија разни креации, со кои ги украсија влезовите на градинката.

sadnici_1
Есенско дружење во Матичен објект

Денес дворот на градинката Кочо Рацин во Капиштец беше исполнет со детска смеа, ентузијазам и мотивираност. Родителите заедно со своите деца реализираа попладневно дружење во рамките на месечната тема ”Љубовта кон мојот град и околина”.

detsko_selo1
Посета на С.О.С. Детско село

На ден 16.10.2019 год. деца од објект Бели Мугри на возраст од 5 – 6г. заедно со деца од другите две градинки на општината, по повод Денот на храната, го посетија С.О.С. Детското село, каде се реализира работилница на тема: Здрава храна.

Дружење со родители – Бели Мугри

Во рамките на проектот “Како се разболуваме како се лекуваме” на 4ти април во групата од 3 – 4г. се реализираше креативна работилница на тема “Нашата домашна аптека” Како полици за нашата аптека, ги искористивме полиците од литературниот центар, кои родителите ги дополнија со испринтани во боја сликички од медицински помагала, кутии од лекови, предмети за хигиена, здрава храна и напитоци кои на еден или друг начин се наоѓаат на полиците во аптеките.

image1
Работилница и дружење со родители во Матичен објект

На 07.08 2019, во група – Сонциња, 4-5 год. – Матичен објект, во рамки на проектот “Во царството на боите” се одржа работилница – дружење со родители на тема “И ние сме уметници”. Во дворот од градинката, во разиграна и весела атмосфера, родителите изработија уметнички дела, користејќи различни техники и материјали.