донација

kacuvanje_3
ПРОЕКТИТЕ СО СРЦЕ и во нашата градинка

Новогодишните радости за децата од градинката Кочо Рацин во Капиштец оваа година се збогатија со уште еден подарок. Холот на градинката се оплемени со два вертикални ѕида за качување, заедно со меки подлоги, донација од Projects with a Heart, Philip Morris TKP & Expanda, за што од срце им се заблагодаруваме.

DSC_6402
Посета на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули

На ден 08.02.2019 год градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ја посетија градинката „Кочо Рацин“, каде што се инсталирани прочистувачи на воздухот. Истите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата на РМ што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето во нашата држава.