Ден на планини

planini_1
Одбележување на Денот на чисти планини

Денот на чисти планини, 26 септември, в.о група “СОНЦИЊА”, 5-6г , Матичен oбјект, го одбележа со прошетка на планината Водно, која помина во прекрасна атмосфера. Децата со воодушевување, низ игра и смеа, ја истражуваа планината, ја цртаа. Научија дека од особена важност за нас се планините, затоа треба да се грижиме за нив.

planina1
Ден на чисти планини

Чистотата и заштитата на планините, ни се потребни повеќе отколку што сме навистина свесни за тоа. На тоа не потсетува важниот ден во годината – Светскиот ден на чисти планини (26.09 ). Децата од воспитната група од 4-5 год. го одбележа овој ден со низа активности: сликаа на тема -,,Чисти планини”, изработија макета -планината Водно и засадија зимзелени и листопадни дрвца.