градинка

pretstava2
Театарска претстава подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче

На ден 01.11. 2019г. во просториите на објект Н.Н.Борче се реализира театарска претстава со наслов “Лина и Мина во градинка” подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче. Театарската претстава допринесе децата да разберат дека градинката е пријатно место за растење и учење низ игра и забава.

zoo2
Посета на Зоолошка градина

Во рамки на предвидените активности, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама ја посетија Зоолошката градина. Низ царството на животните ги водеше едукаторот Александар кој на децата им раскажуваше за животните.

NGPretstava
Новогодишна претстава

На ден 19 и 20.12 во сите објекти на нашата установа се реализираше новогодишната претстава “Најскапоцениот подарок”. Претставата со својата сценографија и интерактивен текст го задржа вниманието на децата и со задоволство ја проследија.

rabotilnicaNG
Новогодишна Работилница

На ден 20.12 во поладневните часови во објектите на нашата установа, се реализираше новогодишна креативна работилница, на која се одзваа голем број на родители. Своите креативни идеи ги преточија во многубројни новогодишни креации на големо задоволство на децата, кои се дружеа заедно со своите родители.