гостин

All-focus
Одбележување на Европски ден на музиката во објект Н. Н. Борче

По повод Европскиот ден на музиката, во објект Н.Н..Борче беа гости-родители – музичари, кои се претставија со нивните инструменти – виолина и гитара. Тие на децата им ја објаснија нивната намена и функција, а потоа преку музика и забава заедно со децата се дружеа.

arhitekt1
Одбележување на Ден на урбана средина во Матичен објект

По повод одбележување на Денот на урбана средина во Матичен објект, на ден 07.11.2019 год, во групата од 5 – 6г. (Ежиња), гостуваше родител – архитект Иван Арсовски. Тој на сликовит начин се обиде да ја објасни, која е важноста и улогата на архитектите во планирање и надзор при изградба на објекти.

marijana1
Дружење со родител во група Супер Ѕвезди

На ден 09.04.2019 година во група Супер Ѕвезди од објект Бели Мугри, гостуваше родител гостин д-р Виолета Српанова. Таа се обиде на доста сликовит начин да им ја објасни важноста на улогата на лекарите во животот на луѓето. Децата имаа можност да видат повеќе инструменти како стетоскоп, шпатули, ракавици, заштитни маски, капи, епрувети, пипети и сл.

jasmina4
Дужење со група Пајчиња во Бели Мугри

Во чест на Денот и на наше огромно задоволство, имавме голема чест и привилегија да се дружиме со Проф. д-р. Благица Крстевска. Во опуштена атмосфера, со пристап кој плени во првата секунда, децата уживаа во излагањето на докторката, која со себе имаше донесено – цел арсенал на лекарски прибор, кој е присутен во секоја ординација: стетоскоп, шпатули, ханзаплас, маски, капи, ракавици…

Дружење со гостин родител – лекар

На 08.04.2019г. гостин во групата од 4 – 5г. беше родител лекар Бојан Бошковски. Тој раскажуваше за неговата професија, униформа, лекарски прибор, потоа ги прегледа сите другарчиња, ни даде многу добри совети за зачувување на нашето здравје, но најважно е што од сега веќе нема да се плашиме кога одиме на лекар.

zdravje1
Одбележување на ден на здравјето

На ден 08.04.2019 – по повод Денот на здравјето (07.04), гостин родител – Др.Саша Ќаева Анастасова ги посети децата од групата од 2 – 3г. од објект Бели Мугри. Децата уживаа во разговорот со гостинката и ги разгледуваа лекарските прибори кои беа донесени – стетоскоп шпатули, ханзапласт, капи, маски и ракавици.

Гостин родител во група Мечиња – Бели Мугри

Во рамките на реализација на проектот “Како се разболуваме, како се лекуваме” на 5ти април во групата од 3 – 4г. беше гостин родител лекар – Весна Цеков. Покрај разговорите за нејзината професија, како нагледни средства ни донесе медицински помагала и предмети (шпатули, шприцеви, маски, стерилни чаши) но и стетоскоп со кои децата “играа” лекари.

tekstura1
Гостин родител во група Детелинки – Матичен објект

На 28.03.2019 год. во групата Детелинки (3 – 4 години) од Матичниот објект гостуваше родителот Доротеј Нешовски и со децата ја реализираа работилницата “Ја истражуваме и ја слушаме текстурата”.

Гостин уметник во Матичен објект

На ден 21.03.2019г. со гостин – уметник, м-р по графика и графички дизајн Јулијана Гешовска, група “Сонциња” 4-5 г, го заокружи проектот “Во царството на боите”. Децата воодушевени од гостинката и се она што таа им покажа, ги нацртаа своите први портрети и научија како вистински сликари да го направат тоа. Многу прашања, разговор и срекни детски лица останаа да сведочат за денешната средба.

korubin3
Гостин во група во Матичен објект – Ликовен уметник

На ден 12.03.2019 во посета на воспитната група од 5-6 години ,,Верверички” од Матичниот објект беше гостин – ликовен уметник – Емил Корубин, кој ги запозна децата со професијата, маеријалите и неколку ликовни техники, а потоа беше реализирана работилница во групи – Цртање со пастелни бои на тврда подлога- картон.