галерија

mkc1
Посета на атеље во МКЦ – Матичен објект

На ден 26.03.2019г., децата од група Ежиња на возраст од 4 -6 г. од Матичниот објект, беа во посета на Младинскиот културен центар, во кој се наоѓа ателјето на Горјан Ѓорѓиев. 
Работејќи на проектот “Виножитото низ детските очи”, децата ги збогатија своите елементарни знаења од областа на ликовната уметност, се запознаа со професијата – сликар и материјалот кој му е потребен за работа.

Посета на галерија – Матичен објект

На 15.03.2019 год. групата “Ѕвездички“ 4-5 год. беа во посета на уметничката галерија Анагор во рамки на проектот: Играме со боите на виножитото. Децата добија одговори од областа на уметноста: со какви материјали цртаат уметниците, какви бои и четки користат, колку време е потребно да се нацрта една уметничка слика и сл. Децата беа изненадени и воодушевени од уметничките слики и секако среќни си заминаа дома.