виножито

DSC_6546
Одбележување на Денот на нашата градинка

Денот на нашата градинка, под мотото: „Ние сме виножито од можности“, беше одбележан на 21.05.2019 година во холот на Матичниот објект. Прекрасната приредба со преубавата сценографија ја проследија многубројни гости меѓу кои и Градоначаникот Саша Богдановиќ со претставници од Општината. Децата со својата изведба ја доловија приказната за виножитото и неговите бои.

mkc1
Посета на атеље во МКЦ – Матичен објект

На ден 26.03.2019г., децата од група Ежиња на возраст од 4 -6 г. од Матичниот објект, беа во посета на Младинскиот културен центар, во кој се наоѓа ателјето на Горјан Ѓорѓиев. 
Работејќи на проектот “Виножитото низ детските очи”, децата ги збогатија своите елементарни знаења од областа на ликовната уметност, се запознаа со професијата – сликар и материјалот кој му е потребен за работа.

image1
Работилница со родители во Матичен објект

Во рамките на проектот “Палетата на виножитото” децата и родителите од групата Детелинки (3-4 год) од Матичниот објект ја креираа својата “Амбалажа од соништата” според мотиви од колажите на Хенри Матиз.

Работилница со родители во група Ѕвездички

На ден 21.03 во група “Ѕвездички” се реализира работилница со родители на тема: “Играме со боите на виножитото”. Родителите и децата изработија повеќе креации во кои дојде до израз нивната креативност, изразена преку различни техники.

vinozito1
Креативна работилница на тема: „Сите бои на виножитото“

Работејќи на проектот: „Виножито низ детските очи“, на ден 21.03.2019 година, во Матичниот објект, во група од 4 – 6 години, се оддржа креативна работилница на тема: „Сите бои на виножитото“. До израз дојде креативноста на децата и родителите преку изработките во сите техники и различни материјали за работа.