бои

vinozito1
Креативна работилница на тема: „Сите бои на виножитото“

Работејќи на проектот: „Виножито низ детските очи“, на ден 21.03.2019 година, во Матичниот објект, во група од 4 – 6 години, се оддржа креативна работилница на тема: „Сите бои на виножитото“. До израз дојде креативноста на децата и родителите преку изработките во сите техники и различни материјали за работа.

Гостин уметник во Матичен објект

На ден 21.03.2019г. со гостин – уметник, м-р по графика и графички дизајн Јулијана Гешовска, група “Сонциња” 4-5 г, го заокружи проектот “Во царството на боите”. Децата воодушевени од гостинката и се она што таа им покажа, ги нацртаа своите први портрети и научија како вистински сликари да го направат тоа. Многу прашања, разговор и срекни детски лица останаа да сведочат за денешната средба.