Бели Мугри

IMG_20200306_102109
Цртам и пеам за мојата мајка – манифестација во ДКЦ – Карпош

На ден 06.03.2020 година, децата од воспитната група “Зајачиња”- објект ” Бели Мугри”, учествуваа на традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема “Цртам и пеам за мојата мајка” во организација на Детски културен центар “Карпош”, по повод празникот на жената – 8-ми март.

kukla2
Куклена претстава во објект Бели Мугри

На ден 31.01.2020 година, Активот на воспитувачи од објект Бели Мугри, реализираше куклена претстава со наслов “Белиот Марсовец”, во холот на градинката. Претставата ја следеа децата од сите воспитни групи од објектот, која поради интересните кукли, музиката и комичната, но воедно и поучна содржина на претставата, го задржа детското внимание до самиот крај.

Мира
Настап во Дом на АРМ – деца од објект Бели Мугри

На ден 13.12.2019 год. на сцената во Дом на АРМ, пред многубројна публика, со музичка точка настапија децата од 5 – 6 год. од објект Бели Мугри. Децата со својот настап дадоа свој придонес во збогатувањето на програмата, организирана по повод 75 години јубилеј на ОУ – Кочо Рацин.

IMG_3815
Втора работилница од проектот: Учиме за отпадните масла за готвење

На ден 05.12.2019 во сите објекти во групите од 4-5 год. возраст се реализираше втората работилница на тема: Зошто искористеното масло за готвење не треба да се истура во мијалникот и тоалетната школка?

IMG_3794
Есенска работилница во објект Бели Мугри

Есенска работилница во групите од 2 – 6г. се реализираше во објект Бели Мугри на ден 20.11.2019г. Родителите со задоволство и ентузијазам ја прифатија поканата за присуство на работилницата. Од оваа работилница произлегоа многу успешни есенски креации, кои во наредниот период ќе бидат украс на ентериерот во нашиот објект.