активности

broj_4
„Усвојување и препознавање на бројот 4“ – Математичка игра

Четири е многу важен број! Направете да е забавно со бројот 4! Играјте со бројот 4! Играјте говорна игра и прашајте го детето колку годишни времиња има, колку страни на светот има – исто така, мачето, кучето, волкот, лисицата колку нозе имаат, да го препознаеме бројот 4 на часовникот и сл.

smeenje_1
“Смеењето е здраво” – Насочена активност

Прочитајте му го текстот на детето и покажете му ги сликите од текстот. Разговарајте за содржината – дали го разбрал, може ли дејството во текстот да си го претстави мисловно, да ги искаже своите чувства додека го слушал текстот (смешно, изненадено, замислено…).

strk1
Манипулативна игра со хартија -„Гнездо на штрк“

На детето му се покажува слика од штрк (од некое списание или енциклопедија, телефон и сл.) при што се поведува разговор за птицата -изгледот, бојата, големината…пр. долги портокалови нозе и клун, големи крилја со црно бела боја…,а потоа се разговара за неговото гнездо.

IMG_20200306_102109
Цртам и пеам за мојата мајка – манифестација во ДКЦ – Карпош

На ден 06.03.2020 година, децата од воспитната група “Зајачиња”- објект ” Бели Мугри”, учествуваа на традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема “Цртам и пеам за мојата мајка” во организација на Детски културен центар “Карпош”, по повод празникот на жената – 8-ми март.

joga2
Тимбилдинг – креирање позитивна и мотивирачка атмосфера за нашиот тим

Вработените од Матичниот објект на нашатата градинка направија мала пауза и се фокусираа кон себе, на она што е добро и на она што може да го подобрат преку активности за Neurowelnes.

druzenje_1 - Copy
Новогодишно дружење во објект Панорама

Традиционално, за време на новогодишните празници се трудиме да го разубавиме просторот кој не опкружува. Затоа родителите и децата од објект Панорама на ден 17.12.2019 год. во весела атмосфера и добро расположение се потрудија да направат убави и креативни новогодишни украси за елката, чија идеја и креација е дело на вработените, а беше поставена во холот на објектот.

Мира
Настап во Дом на АРМ – деца од објект Бели Мугри

На ден 13.12.2019 год. на сцената во Дом на АРМ, пред многубројна публика, со музичка точка настапија децата од 5 – 6 год. од објект Бели Мугри. Децата со својот настап дадоа свој придонес во збогатувањето на програмата, организирана по повод 75 години јубилеј на ОУ – Кочо Рацин.