Воспитно-згрижувачкиот кадар одговорно и професионално се грижи за унапредување на образованието на децата со целосно и континуирано имплементирање и осовременување на воспитно-образовниот процес преку вклучување на нови, современи форми и методи на работа.
Со цел унапредување на работата во воспитните групи основна задача претставува индивидуалното стручно усовршување на згрижувачкиот и воспитниот кадар во градинката. Редовно преку целата година воспитниот и згрижувачкиот кадар учествува во планирање, избор на содржини, форми, методи и средства за работа со децата. Редовно користи и консултира стручна литература, литература за деца, списанија за деца, општа литература и се што е ново и актуелно во Републиката и пошироко, како и присуствува и активно учествува на семинари, симпозиуми, предавања организирани во и вон рамките на градинката.
Во квалитетното и професионално планирањето и реализацијата на Програмата за стручно усовршување на згрижувачкиот и воспитниот кадар се вклучени: тимот на стручни работници: педагог, дефектолог (специјален едукатор и рехабилитатор), лекар, стручниот соработник по музичко воспитание, воспитувачите и негователките под раководство на директорот на градинката.
Планираните проекти од Програмата за стручно усовршување на воспитниот и згрижувачкиот кадар за 2019/20 год се: Патуваме со децата низ светот (објект Панорама), Моето куферче со емоции (Матичен објект), Да видам, што сакам да бидам (Бели Мугри) и Убавините на годишните времиња (Н.Н. Борче).
Стручно усовршување на вработените за воспитната 2019/2020 год.:
- 10 – 15.09.2019г. – во организација на МТСП и УНИЦЕФ – 3-та сесија на обуки за колегијална поддршка од Прграмата за социјална кохезија и културен дијалог.
- 13 – 15.09.2019г. – во организација на Аутизам Европа – 12-ти Интернационален конгрес за аутизам во Ница, Франција.
- 08 – 09.10.2019г. – ASD – EAST – програма за тренинг за развој и проценка за специјални едукатори кои работат со деца со аутистичен спектар на нарушување.
- 14 – 05.10.2019г. – ASD – EAST – програма за тренинг за развој и проценка за специјални едукатори кои работат со деца со аутистичен спектар на нарушување.
- 17 – 19.10 и 10 – 12.11.2019г. – во организација на МТСП и УНИЦЕФ – Серија обуки за ефективни воспитувачи од Програма за основите за социјална кохезија и културен дијалог.
- 26.10.2019г. – во организација на Коучинг – Н, обука реализирана во холот на Матичен објект во присуство на стручниот тим, воспитувачи и негователи, на тема: “Улогата на воспитувачите и негователите во изградување на личноста на детето”.
- 07.11.2019г. – Прецентација на анимиран филм “Семко”, подготвен од воспитниот тим на нашата установа.
- 15.11.2019г. – Презентација на прирачници од еминентни професори од Филозофски факултет (Институт за педагогија) во градинка “13ти Ноември”.
- 16.11.2019г. – во организација на здружението за аутизам “Сина Светулка” – Скопје, семинар на тема: Стратегии за контрола на однесувањето кај децата со АСН.
- 29.11.2019г. – во организација на МТСП и УНИЦЕФ во х. Хилтон – конференција на тема: “Позитивни практики на земјите од Западен Балкан во справување со насилството врз децата”.
- 05 – 08.12.2019г. – Тара, Р.Србија во организација на Балкански сојуз на здружение на воспитувачи, конференција на тема: “Предизвици во градење на културата во градинката, како место за заедничко живеење”.
- 11.12.2019г. – во организација на “Пертини ДООЕЛ” во х. Порта, предавање на тема: “Сензомоторна интеграција”.
- 13.12.2019г. – во организација на здружението за аутизам “Сина Светулка” – Скопје, семинар на тема: Визуелни стратегии за поддршка на работата кај децата/лицата кои се во спектарот на аутистичните нарушувања.
- 13 – 14.12.2019г. – во организација на Институт за бизнис и менаџмент – Хајделберг, во градинка “Орце Николов”, обука на тема: “Проектен менаџмент и спроведување на истражувања во образовните институции”.
- 14.12.2019г. – во организација на здружението за аутизам “Сина Светулка” – Скопје, семинар на тема: Инклузивни стратегии за учениците со аутистичен спектар на нарушување.
- 28.01.2020г. – на Институтот за Педагогија, промоција на учебник – Предучилишен курикулум на проф. д-р Лена Дамовска