СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

Унапредување на соработката со семејството и неговото активно учество во животот и работата на градинката е една од приоритетните задачи на нашата градинка. Сите ние вложуваме време и внимание на негување на атмосфера на доверба, заемно почитување, прифаќање, толерантност, отвореност, објективност – неопходни компоненти на таа соработка.

Заради тоа, потребно е почитување на личната професионална компетенција, размена на информации и взаемност во воспитно влијание. со добрата соработка помеѓу вработените и родителите добиваат сите, а најмногу децата.

Tокму затоа, меѓусебното информирање, комуникација и соработка со родителите, првенствено се реализира преку:

  • Вклучување на родителите на децата во воспитните групи од 2-3 години согласно програмата – заедно во адаптација, преку родителска средба кон крајот на месец август.
  • Општа родителска средба кон крајот на септември, во сите воспитни групи со општ дневен ред, запознавање со животот и работата во градинката, со програмските содржини и активности итн но по потреба и во друг период од програмската година.
  • Групни родителски средби-креативни работилници (тематски и проектни), едукативни средби со одредени едукативни теми на дневен ред и сл.
  • Секојдневни, кратки, информативни средби помеѓу родителите и персоналот во утринските и попладневните часови.
  • Приредби, прослави и други свечености на децата и за децата, со можност за учество на родителите во нивното подготвување и реализирање.
  • Родител-гостин во занималната, на опредена тема или презентација на одредена професија.
  • Совети и пораки за родителите со најразлична тематика,
  • Заедничко организирање на посети, прошетки, излети, забави и др.
  • Советодавна – консултативна средба со стручниот тим (педагог, дефектолог).

Почитувајќи го принципот на отвореност на градинката, ќе се заложиме на иницирање на поголема соработка со родителите, знаејќи дека сето тоа ќе води кон унапредување на развојот на децата и самата воспитно – образовна работа.