ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате веб – страната на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ – Скопје.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ – Скопје со седиште на ул.„Козара“ бр.26А, Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Податоци кои подлежат на собирање

  • Податоци на посетители на страната https://www.gradinkakocoracin.mk- податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

  1.  Податоци за навигација

При посетата на интернет страната серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • IP адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на градинката;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава од која пристапувате (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.

  1.  Како ги собираме личните податоци нивниот обем и целите за кои ги обработуваме

Личните податоци кои ги прибираме се обработуваат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци.

Личните податоци односно фотографиите од децата кои се прибавени при програмските активности согласно Програмата за работа на установата се објавуваат на официјалната ВЕБ страна на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ Скопје, https://www.gradinkakocoracin.mk, како и за други потреби на градинката (Годишен извештај и активности во соработка со Општина Центар), со претходно обезбедување согласност од родителот/законскиот старател на децата.

Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна на трети лица.

Време на чување на собраните податоци

Податоците-фотографиите кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта за која се собрани.

Кои се правата на субјектот на личните податоци?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци-фотографиите се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци чии податоци се: Љубинка Митковска, 3178 789, judgockocoracin@yahoo.com.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ – Скопје.