ПАНОРАМА

ПАНОРАМА ул. Тасино чешмиче бр.9а, тел. 3177-675.

Објектот ПАНОРАМА е предаден во употреба во 1985 година. Располага со 1130 м2 корисна површина и со 2066 м2 дворна површина, а проектираниот капацитет на деца е 140. Објектот е од тврда градба, современ, простран, со големи и светли занимални, со соодветен хол за заеднички активности, со опрема, играчки и дидактика, што значи дека и во овој објект постојат оптимални услови за престој и извршување на воспитно – образовниот процес.

Овој објект се наоѓа на падините на планината Водно, на прекрасна локација изолирана од сообраќај и бучава. Располага со убав двор, на две нивоа, од каде има прекрасен поглед на дел од нашиот град Скопје, опремен е со песочник со неколку детски реквизити, клупи, континуирано збогатен со нови садници и трева. И покрај нашите инвестиции во текот на изминатите години (менување на старите и дотраени со нови ПВЦ прозорци и врати, молерофарбарски работи, промена на подни плочки на терасите и влезовите, нови детски гардеробери, менување на вратички и фиоки на постојните плакари), објектот имаше потреба од поголеми инвестиции, кои со помош на Општина Центар се санираат. Во моментов се работи на целосна реконструкција на објектот ПАНОРАМА, почнувајќи од менување на водоводна и електрична инсталација во целиот објект, санитарните чворови, перална, кујна, поставување на нова кошулица и паркет, менување на сите внатрешни и надворешни врати, молерофарбаски работи, промена на мебелот, нова фасада и хортикултурно уредување на дворот,….

Во објектот се опфатени 110 деца на возраст од 8 месеци до 6 години, односно до поаѓање во училиште, распоредени во 5 (пет) воспитни групи.