НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ

Објектот НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ е лоциран позади Универзална сала на на ул.Борка Талески бр.50,контакт тел. 3245-314

Објект од тврда градба,со доволно големи и светли простории-занимални за децата. Објектот функционира од 1960 година,а подоцна е доградуван така што располага со 1706м2 корисна површина која што сосема ги задоволува потребите на децата што се запишани во овој објект,како и потребите на вработените.
Последните години постои зголемен интерес за запишување на нови деца во градинката,поради интензивно градење на нови станбени згради во околината,така што и во овој програмски период стартуваме со околу 200 деца.
Од Ноември 2010год.Општина Центар го реновирасе на овој објект,со комплетно менување на целиот лик на објектот и тоа:
– се постави нова бетонска подлога со арматура;
– комплетно се реконструираа сите тоалети во објектот ( 3 за деца и 2 за возрасни) – нова електрична инсталација, керамички плочки и нава санитарна галантерија;
– во објектот е направен и еден комлетно нов санитарен чвор за децата
– се постави нов плафон, како и нови светилки во сите простории;
– се поставија нови ПВЦ прозорци и внатрешни ПВЦ врати меѓу просториите;
– се изврши обработка на ѕидовите и се бојадисаа
– се интервенираше на на парната инсталација поради оштетеност на цевките, а се подигаа повисоко дел од радијаторите, поради новопоставената бетонска подлога ;
– се извади стариот паркет, се замени со нов во целиот објект, се стругаше и лакираше;
– сменета водоводна, одводна и електрична инсталација во целиот објект;
– кујната е целосно реновирана и поставени нови подни и ѕидни плочки;
– исто така, и подрумските простории и пералната се комплетно реновирани

Градинката располага со повеке простории за згрижувачка воспитно-образовна дејност од кои 8-занимални-детска градинка, 2 занимални- јаслени групи, музицки цабинет, цабинет по ликовна уметност. Во објектот во моментов се записани 210 деца на возраст од 8 месеци до 6 годисна возраст.
Работното време на Н.Н.БОРЧЕ е од 06:00 до 18:00.