Активности за родители за период од 06.04 до 10.04.2020

bube_2
Дидактичко – математичка игра “Подготвуваме салата од зеленчук”

Пред децата откривате кошница – сад со природни зелечукови плодови. Насочете ги, и Вие поведете разговор за заленчукот. Именувајте, покажувајте, опишувајте по Боја, спoредувајте по Форма и Големина, чувствувајте на допир и мирис…

andonova_2
“Што треба да правиме, за да бидеме здрави” – Разговор

Разгледајте ја серијата од слики – Како да бидам здрав? Поттикнете го детето на разговор, самото да опише како се грижи за хигиената на своето тело и што прави за да ја одржува (редовно капење, миење на рацете, забите, хигиена на нозете, уредност на косата).

ana_1
,,Пролетта ни дава зеленчук, полн со витамини” – Насочена активност

Разговорот започнете го за годишното време што пристигна – пролетта, со тоа и кои зеленчуци растат во ова годишно време. Потоа со детето разгледајте ги дадените слики и апликации и разговарајте за истите.

puskin_2
“Што му е потребно на растението да расте”- Индивидуални искази

Започнете разговор со Вашето дете за природата и растенијата. Насочете го разговорот и поттикнете го детето да размислува на темата “Што му е потребно на едно растение да расте?” Охрабрете го да ги искажува своите размислувања, притоа користејќи правилни и целосни реченици.

tedi_2
Пролетен зеленчук – Моделирање

Вниманието на вашето дете, насочете го кон кујната каде ви стои зеленчукот. Мотивирајте го, само да го извади и нареди во корпата. При тоа именувајте го и опишете го – каква боја има, каква форма, големина…

ole_2
„Жива и нежива природа – делови на растението“ – Разговор

Разговарајте со детето за природата, за тоа што ја сочинува – за живата природа (човек, растенија, птици, инсекти), и неживата природа (вода, воздух, земја, сонце), при тоа што истовремено ќе разгледувате енциклопедија или списание, слики од вашиот лап-топ, за да им биде појасно.

marijana_1
„Боите на зеленчукот“ – Игра со колаж хартија

Разговарајте со детето за зеленчукот и за неговата важност за нашето здравје. Потоа со детето разгледајте слики/апликации со разновиден зеленчук и помогнете му да ги опишува и именува.

ivona_1
„Дрвото – пријател на сите“ – Разговор

Поттикнете го детето, преку разговор за значењето на дрвото, каква корист имаме од дрвата, кои се деловите на дрвото, кои птици, животни, инсекти живеат на него и што му е потребно на дрвото за да расте.