News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Семејства на домашните животни

Цели на активноста: 

-Запознавање со содржината на стихотворбата;

-Збогатување на речникот со нови зборови;

-Развивање способност за слушање и разбирање на значењето на изговорените зборови

Тек на активноста:

Ќе започнеме разговор по енциклопедија за домашни животни – крава, коњ, куче, овца, мачка, кокошка, прасе, шатка. Продолжуваме со разговор дека и тие имаат семејство (на пилето татко е петел / мајка е кокошка и сл.) Преку учење на стихотворбата, ќе наведеме неколку примери на семејства на домашните животни.  

 Во продолжение запознајте го детето со содржината на стихотворбата:

КОЈ НА КОГО, ШТО МУ Е?

На мачето мајка му е мачка,
на пилето жолтата квачка.
А онаа ушеста зајка,
на малото зајче му е мајка.

Мачето на мачорот му е дете,
пилето на гордиот петел.
На зајчето со опавче кратко,
зајакот сив му е татко.

И така брзо растат
зајчиња, мачиња, деца,
безгрижно како во бајка,
со своите татко и мајка.

Анализирајте ја содржината, а доколку има непознати зборови – објаснете му ги на детето, а потоа повторете ја заедно неколку пати во текот на денот и неделата. На крајот дајте му на детето форми со ликови на животни кои треба да ги обои (жолто пиле, розево прасе, бело јагне, сиво зајаче и сл.)

Подготвила: Воспитувач – Сузана Чурлинова