News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Математичка игра ‘’Што недостига’’

Цели на активноста:

  • Поттикнување на способностите за споредување и класификација според боја, форма, големина;
  • Поттикнување способности за воочување и именување на основните геометриски форми и фигури (круг, топка, коцка);
  • Да се поттикнуваат способности за користење на математиката во опкружувањето;

Потребни материјали: пластични шаблони со различни геометриски форми (круг, квадрат, триаголник), играчки, предмети од домот.

Тек на активноста:

  • Откривањето што недостига во оваа игра, ќе му помогне на детето да развие вештини за расудување, размислување, споредување.
  • Покажете му различни предмети на вашето дете. Охрабрете го да ги именува и да ги спореди – кое е поголемо, кое е помало, да ги именува боите и да ги именува формите.
  • Сега кажете му да ги покрие очите, за да можете да скриете еден предмет. Потоа кажете му да ги отвори очите и да погоди кој предмет недостига. Ако е во дилема, помогнете му со прашањето: Aјде да видиме што ни недостига – која боја, која големина и која форма? Доколку и тоа не помогне, откријте го предметот со зборовите ,,Изненaдување”.
  • Сменете ги улогите. Вие сте сега тој што погодува. Правете се дека не знаете, за да може детето да ве корегира. Пробајте неколку пати со различни предмети.
  • Оваа активност му помага на детето да ја развие меморијата за простор и предмети, да ги совлада боите, како и да ги класифицира предметите според одредена меѓусебна поврзаност.
  • За да се прошири играта, изберете тема за 3 предмети на пр: топлинката, чорапот и патиката се носат на нога. Штом се совладаат трите предмети, проширете на 4,5 и повеќе, но да бидат на иста тема.

Подготвила – Наташа Бинова