News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Печатиме, се забавуваме….


Цели на активноста:
-Запознавање и совладување на различните видови ликовни техники
-Развивање и поттикнување на креативноста и креативното размислување кај децата
-Развивање на фината мускулатура и координацијата око-рака
-Негување и развивање на интерес и љубов кон уметноста и креативното изразување
-Поттикнување на самостојноста во користењето на ликовниот материјал
-Поттикнување на истрајноста во изведување на активности


Тек на активноста:
Печатењето со дланки и прсти е една од омилените ликовни техники кај децата, која од најмала возраст, се разбира со наша помош можат да ја запознаваат и совладуваат. Следејќи ја темата за оваа недела – “Животните на фарма”, предмет на наш интерес ќе биде печатење со дланка и прсти (за помалите) и дооформување на ликовите со помош на четка и бои  (за поголемите). Постапката следи преку слики, а ваше е само да го разбудите уметникот во вашето дете, да го поттикнете и охрабрите.. И секако да се забавувате..
Материјали кои ќе ви бидат потребни се: листови, бои темперни (и за печатење со дланка), четки.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин