News

Со децата од воспитната група 5 – 6 год. ја реализиравме темата ,,Сообраќајот денес“, каде што децата се запознаа со видовите на сообраќај (копнен, воздушен, воден). Стекнаа знаење за бон-тон во сообраќајот, како да се однесуваат во сообраќајот, да ги почитуваат  правилата и прописите, да покажат културно однесување во сообраќајот  ….. Се стекнаа со знаење како да внимаваат кога се движат на улица …

–  преминувањето на улица треба да биде на пешачки премин

–   улицата треба да се помине без трчање

–  движењето секогаш мора да биде само на тротоар

–  црвено, жолто, зелено (семафор и пешачки премин)

–  користење на безбедносниот појас, кога се возиме  во автомобил

–  почитување на зоните на играње

Исто така,  децата се запознаа со некои значајни сообраќајни знаци, а потоа ги нацртаа и ги залепија на стапче, изработија од хартија бродови како едно средство од водениот сообраќај, цртаа и споредуваа превозни средства во минатото и сегашноста, изработија камионче со дрвени шпатули како едно од копнените средства, играа подвижни игри, каде што ги имитираа превозните средства и нивното движење…

Го научија и златното правило кое гласи : ГЛЕДАЈ, ВИДИ, БИДИ ВИДЕН!

И децата од група „Буба Мари“ на возраст од 4 – 5 години, изминатата недела ја обработија оваа тема. Преку разговор, разгледување енциклопедија, слики и апликации, децата се запознаа со сообраќајот. Нивната креативност и љубопитност беше реализирана низ повеќе активности: поврзување кој каде припаѓа, изработка на макета со раскрсница и семафори, сликање семафор со темперни бои и колаж хартија, како и изработка на катна гаража со паркинг места за автомобили од нестандарден материјал. Децата играа подвижни игри со сообраќајни знаци – СТОП!-сите сме учесници во сообраќајот.

Tags