News

Возрасната група на деца од 4 – 6 год. од објект ,,Панорама“, оваа недела ја обработи темата со наслов: ,,Сообраќајот – некогаш“.

Знаењата за сообраќајот и сообраќајните средства се интересни за децата. Интересно е да бидат запознаени со нивното потекло, од што биле изградени, како биле управувани и нивниот историски развој од некогаш, па се до денес. Тому за оваа цел се реализираа повеќе активности – запознавање на децата по енциклопедија, слики, апликации со историскиот развој на сообраќајот, со игри на асоцијација, манипулативни игри – градење на сплавови со шпатули, лепење со колаж на тема – балон со загреан воздух итн….

Tags