News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Првите воздушни средства – Од балон до авион 

Цели на активноста:

-Запознавање со воздушниот сообраќај,  како изгледале првите машини што летале…

-Да се поттикнува кон поставување на прашања за непознати предмети, лица и настани во моментот на набљудувањето;

-Развивање на упорност и истрајност, јакнење на ситната мускулатура и моторика.

Потребен материјал: Слики, енциклопедии, интернет, детски списанија, хартија во боја, балон, пластична или хартиена чашка, лепило, листови хартија, фломастери, водени бои, четка.

 Тек на активноста

Разгледувајте ги сликите заедно со децата, раговарајте, објаснете го тоа што го гледате, поттикнете го детето да прашува, да открива како изгледале првите машини што летале.

Стотици години луѓето се обидувале да летаат, имитирајќи ги птиците. Изработувале крилја од перје и скокале од високи места, но човечкиот граден кош нема доволно силни мускули за да мавта со рацете доволно брзо.

Воздухот врши притисок

Ако балонот го наполниме со повеќе воздух отколку што треба, ќе пукне поради притисокот што го врши вишокот на воздух.

Кога падобранот ќе се отвори под него се задржува воздух. Воздухот врши притисок врз внатрешноста на падобранот и така го забавува паѓањето.

Топлиот воздух се крева

Топлиот воздух се шири и така зазема поголем простор. Полесен е од студениот воздух околу него и затоа се крева нагоре. Така балоните наполнети со топол воздух, се креваат од земјата и можеме да летаме, во кошницата што е прицврстена под балонот. Гасот во балонот се загрева со пламеник. Кога пламеникот ќе изгасне, балонот се спушта на земја.

Балони на топол воздух биле првите летала кои човекот ги измислил. Подоцна биле изработени едрилици, авиони. 

Авионите, хеликоптерите, воздушните балони, па дури и ракетите низ воздухот, високо над облаците летаат, по синото небо патуваат, се спуштаат и на земјата слетуваат. Објаснете им дека во денешно време авионот е најбрзо и најсигурно сообраќајно превозно средство. 

Потоа предложете му на детето да бидете малку креативни и да конструирате балон со воздух, како што може да видите на сликата подолу. Балонот треба да се надува, да се обвитка со лента или конец, потоа да се прицврсти на чашката. Дозволете му на детето да ја употреби својата имагинација, за да го декорира воздушниот балон со фломастери или темперни бои.

Замислете си некое заедничко интересно патување…и патувајте.

За крај слушнете ја песничката “Мајско авионче” од детскиот фестивал Златно славејче и погледнете го детскиот филм – Малиот црвен авион, на Youtube видеата подолу.

https://youtu.be/kY2AiVjQoRY

https://youtu.be/zRVkDIwynpc

Подготвил: Воспитувач – Љубинка Томовска