News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Подвижна игра – Зајаче 

Цели на активноста:

-способност за контрола на движењата

-разивање на мускулатурата на телото

-поттикнување на весело и ведро разположение

-чуство на ритам и ритмички движења за време на играта

Тек на активноста

Најпрво добро ќе се загреете со вашето дете преку – одење на прсти, пета, трчање, возење велосипет и слично.

Потоа ќе ја играте пoдвижна игра зајаче. Ќе застанете еден до друг и заедно ќе ја пеете песничката и ќе правите движења кои се спомнуваат во истата.

Играта ќе ја повторите се додека има интерес кај детето. Целта на играта е самата игра да го поттикнува сознајниот и емоционалниот развој на детето. Повеќето животни сознанија децата ги усвојуваат преку играта. Преку играта децата се воведуваат во светот на апстрактното размислување, логичко заклучување….

Подготвил: Воспитувач – Сузана Чурлинова