News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Играме, ги препознаваме животните (театар со ликови)

Цели на активноста: 

  • Развој на слушното внимание на децата
  • Развивање на способност за меморирање и интерпретација
  • Збогатување на речникот на децата

Потребен матрејал: 10-20 кикирики во лушпа, ножички, маркери во неколку бои, бела темперна боја….

Тек на активноста:

Животните се дел од секојдневието на децата, иако тие не се свесни за тоа. Постојано се во контакт со нив во домот – како играчки или пак како апликации од некој списанија, сликовници.  Оваа игра ќе му помогне на вашето дете да почне да ги препознава животните. 

Одберете 10 кикиритки со лушпа – 5 за вас и 5 за вашето дете. Пресечете ги полека на половина по работ, за да можат да паднат зрнцата од кикиритките. Направете отвори на лушпите за да можете да ги навлечете на прстите. Употребете бела темперна боја за да ги обоите лушпите. Со фломастери во боја нацртајте ги ликовите на омилените животни од ЗОО градина.

Со тоа вашата куклена игра може да почне. Ставете ја лушпата со еден лик од животно на вашиот палец и кажете му на детето да го направи истото велејќи: јас го ставив мечето на мојот палец. Ајде сега и ти направи го истото. Штом детето го направи истото, започнете со конверзација: Здраво мече, ајде прави како што ќе правам јас!

Започнувајќи од мечето кој е на вашиот палец, продолжете да ги ставате останатите животни на останатите прсти и секогаш именувајте ги. Потоа прашајте го детето кое животно следи за секој прст. Замолете го да најде одредено животно и да го стави на вашиот прст.

Откако сите лушпи со животни се поставени на вашите прсти, започнете сами да правите куклен театар.

Во зависност од говорот на детето, можете да се преправате дека не знаете  кој лик на кое животно на кој прст се наоѓа и затоа ви треба негова помош, за да ги поставите по ред животните на соодветниот прст.

Оваа игра ќе му помогне на вашето дете да стекне искуство, во препознавање на животните од ЗОО градината.

Подготвила – Наташа Бинова