News

Првиот месец во годината Јануари, го посветивме на сложувалките. Преку играта и правење сложувалки, се развива детската фантазија, истражувањето и ликовното изразување. Задоволството беше големо кај децата во игрите и изработката на свои сложувалки, каде што дојде до израз детската креативност.

Ги поздравуваме вашите заеднички игри од дома и фотографиите добиени од Вас за овој месец.