News

Наслов на активноста:  (4 – 6г.) Весела математика низ традиционални игри

Цели на активноста:

-да се поддржува детето во настојувањето да изведува посложена задача ако покаже интерес за тоа
-развој на способност за просторно ориентирање и вербално искажување на односите
-поттикнување способност за користење на математички поими и операции во опкружувањето
-да се поттикнува кај детето иницијативност, при избор на материјалите за учечките и истражувачките активности
-развој на ситната моторика
-поттикнување, доживување на математиката како пријатно искуство.
-запознавање со некои делови од своето тело и утврдување на старите знаења.
-развоја на натпреварувачкиот дух кај децата

Потребен материјал:  ластик, јаже…разни предмети во домот

Тек на активноста:  Тргнувајќи од неколку од многуте дефиниции за играта дека таа е:
– средство за воспитување на децата, во која детето ќе се радува во  неа и ќе учи и ќе изразува одредена храброст и емоции..
-играта е начин за развој на самоконтрола и мислење..
-играта е специфична форма на  културна дејност и ги опфаќа сите периоди на животот на човекот..
-играта  е активност која сама по себе му пружа задоволство на детето..
-играта е неопходна форма на дејствување на децата, во која треба да земат учество и родителите..

.. и земајќи го фактот дека таа има целосно насочен карактер и се темели на висока социјална и емоционална основа, доаѓаме до заклучок дека играта создава услови за интензивен развој на детето, каде детето се надополнува, менува и ја развива својата фантазија.

Игрите се поделени на неколку видови игри: подвижни, игри со реквизити игри со пеење, бројалки, современи и традиционални игри.

Денешниот предлог на игри, покрај натпреварувачкиот карактер имаат и едукативен карактер, а воедно се доволно интересни за да го задржат детското внимание.

Денешната  активност започнете ја со тоа што ќе им објасните на децата дека традиционалните игри се еден вид игри, кои се  малку подзаборавени и не се употребуваат и применуваат во денешно време: париче, ку-ку, нека бие, нека бие, лета-лета, фоте, слепа баба, ластик, влечење јаже, прескокни јаже..итн. Доколку сте ги играле Вие како мали, објаснете им ги правилата на горе спомнатите игри. Раскажете им дека тоа се игрите на нивните  баби и дедовци и порзете ги со некоја приказна или случка.

Е сега, за да им ја доближите математиката на децата и поимите долго-кратко / високо-ниско, ќе ги играте следните традиционалните игри – влечење јаже и прескокнување ластик.

Играта со влечење јаже можете да ја играте и еден на еден или пак со сите членови на Вашето семејство. Најпрво, заедно можете да ги споредите по должина – јажето или ластикот, со кои ќе ги играте игрите. Насочете им го вниманието на децата кон тоа да воочат – што е пократко односно  подолго, јажето или ластикот.  Играта може да продолжи, така што детето ќе може да споредува по должина – различни предмети во домот и да воочува разлики во должината.

Потоа, во втората  игра со прескокнување на ластик, воочете кога ластикот е поставен ниско, а кога високо…и споредете кој од Вас ќе прескокне пониско, а кој повисоко….натпреварувајте се…..

Како мој предлог, оваа денешна активност можете да ја реализирате, додека слушате некоја стара изворна трационална песна или македонско оро и така ќе придонесете за поведро и повесело  расположение.

Подготвил: Воспитувач – Емилија Савовска