News

Наслов на активноста:  (2 – 4г.) Снешковци-Смешковци – Ликовна игра

Цели на активноста:

  • да се развива ситната мускулатура на дланката и да се развива координацијата око-рака.
  • развој на мисловните процеси кај детето.
  • да се оспособи детето да работи со различен ликовен материјал и да сече со ножички.
  • поттикнување и создавање на весело и пријатно расположение во домот.
  • поттикнување на радост и задоволство од успешно завршената работа.

Потребен материјал: листови по контура со делови на Снешковци, фломастери, ножички и подлога во боја.

Тек на активноста: Радоста на децата е многу голема кога ќе пристигне годишното време зима и ќе падне првиот снег.  Децата обожуваат да играат на снегот, да се санкаат, да прават снежни топки, да се радуваат со другарчињата, но исто така и да прават Снешковци. 

Поведете разговор со вашето дете за ликот на Снешко, односно поттикнете го детето да говори каква форма се топките од кои што е направен и колку топки се потребни за да направиме еден убав бел Снешко. Потоа именувајте ги заедно деловите на снешкото: очи, нос, уста, капа, шалче, метла, раце, копчиња итн. 

Покажете му на детето разновидни испринтани листови со контури од делови на Снешковци и понудете му фломастери во разни бои. Дајте му задача внимателно да ги обои деловите на снешкото. Во текот на работата охрабрувајте го Вашето дете за неговата работа. Откако ќе  заврши со боење, со ваша помош ќе треба да ги исечете сите делови и да составите снешко, а потоа да го залепите на цврста подлога во боја.

Во прилог ви испраќам испринтани листови со Снешковци. Оставете избор на вашето дете – да избере кој Снешко сака да го изработи.

Додека работите можете да ја слушате песничката: ”Многу сакам снег”од Поточиња 2007 год.

Подготвил: Воспитувач – Маријана Поповска