News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Наша традиција – народно оро

Цели на активноста:

-да се поттукне интересот и љубовта кон танцувањето и креативното изразување преку движење на телото
-развивање на чувство за ритам
-оспособување за изведување на движења според карактерот на музиката

Тек на активноста:

На почетокот на активноста, поразговарајте со вашето дете за значењето на зборот традиција. Традиција е збор кој има значење дека “нешто се пренесува натаму”, а се користи на повеќе начини, но најчесто да означи збир на верувања или обичаи во одредена област, на пр: Христијанска традиција, традиција на прослава и слично.

Познато е, нашата татковина има големи богатства на народни ора и песни. Секој крај на нашата земја, раполага со свои карактеристични народни игри, различни по карактер и содржина.Тие го изразуваат духот на народот, нивните разбирања  и наклонетоста врз основа на материјалната и духовната култура.

Овој вид на детски игри се реализира со пеење или со инструментална музика.

Основната карактеристика е почесто повторување на ритмичките комбинации (кореографија).

Движењето на народните игри се состојат во чекори со ороводен карактер, во кои има потскокнување во место или во движење, потоа движење околу себе или околу друг, ритмичко движење  од десно кон лево, напред и назад..

Како прво потребно е да се изучи мелодијата и текстот.

Едноставните игри се изучуваат во целина, додека малку потешките во делови. Доколку треба да се реализира игра во делови, потребно е прво да се покаже и научи првиот дел на играта, а кога и вториот дел малку ќе се научи и извежба, веднаш се поврзува со предходниот и се вежба во целина.

Откако ќе се совлада играта, повремено се корегира, обајнува, демонстрира за правилно држење на телото.

Драги родители, во периодот на празници – дружете се со вашите најмили пеејќи песни, играјќи разни игри, ора..

Погледнете ги видеата кои може да ги нјдете на You Tube каналот и уживајте  во прекрасната Македонска музика.

Ви посакувам пријатна забава!

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев