News

Се ближи најубавиот и највеселиот период за дечињата, а тоа е Нова Година.  Што ги потсетува дечињата кога ќе се спомне Нова Година? Па се разбира, тие веднаш во нивното главче си го замислуваат Дедо Мраз со неговите подароци. Сите се подготвуваат со украсување на новогодишната елка со  сијалички, лампиони во разни бои, многу балони и подготовка на весела атмосфера за дочек на Новата Година.

Во ова време – невреме, во време на пандемија, реализиравме Новогодишна креативна работилница во соработка со родителите.  Целта на работилницата беше да останеме поврзани со дечињата и да ги поттикнеме и анимираме дечињата, кои поради пандемијата останаа дома и не можеа да посетуваат градинка. Децата заедно со своите родители во домашна атмосфера ги украсуваа своите елки, изработија новогодишни украси и декорации, честитки и подароци со што ја покажаа својата креативност.

Благодарност до родителите, со кои преку взаемна комуникација успеавме да реализираме една ваква работилница. Во новата година бидете исполнети со љубов, здравје и имајте прекрасни доживувања.

Нека е среќна и бериќетна!

Tags