News

Наслов на активноста:Божиќна песна – Златно славејче 1993 год.

Цели на активноста:

-да се оспособат децата за активно слушање на музика
-развивање интерес и љубов кон слушаната музика
-оспособување на децата да ја доживуваат и препознаваат музиката
-препознавање на карактерот и видот на музичкото дело

Тек на активноста:

Пеењето песна е животен сопатник на човекот, изразно средство преку кое се изразуваат мислите и чувствата. Животот без песна би бил сиромашен и тажен, а народот со право вели:” Оној кој пее, зло не мисли”. Пеењето за децата, представува најсакана и најпристапна активност од сите активности, бидеќи  преку песната  најлесно и најубаво можат да ги изразат своите чувства.

Најзастапена форма на музицирање кај децата секако е детската песна, која влијае во развојот на музичките способности: слухот, ритамот, кулура на гласот и други особини во формирање на детската личност. Песната е комбинација на поезија и музика, извор на радост и знење, без разлика дали детето ја слуша или пее.

Пеењето како активност, кај децата придонесува за поголем поттик и ангажман на емоциите и интелектот, а исто така има голема воспитна вредност. Впечатоците од детските денови оставаат длабока трага во детската меморија. Поради тоа потребно е да се настојува впечатоците од музиката, која децата ја слушаат, да бидат длабоки и силни. Првиот контакт со слушаната композиција е најважен момент.

Новата песна се слуша во потполна тишина, се слуша целата песна без прекин или прашања, потпрашања и објаснувања. На тој начин децата дожививаат  многу ефекти од убавината на музиката што ја слушаат, а таквиот впечаток не смее да се расипува со поставување на прашања.

Во наредното слушање им се дава одредени задачи, како на пример: содржина, темпо, динамика. Во зависност од времетраењето на песната што се слуша, слушањето може да се повтори од два до четири пати.

За да се се подготват децата за второто – третото слушање, треба да им се постават задача, на кои децата треба да обрнат внимание, како на пример:

-дали песната е весела или смирувачка?

-дали слушате соло (еден) пејач или хор?

-дали пеењето е брзо-бавно, гласно – тивко?

При повторно слушање на песната, децата откриваат нови карактеристики и стекнуваат искуство кое се надоврзува на веќе постоечкото, но секогаш врз основа на она што е емотивно обоено.

Драги родители, во пресрет на големиот христијански празник – Божиќ, ви  испраќам песничка, од фестивалот Златно славејче.

Пред да ја слушнете песничката, разговарајте со Вашето дете за претстојните празници – Бадник, Божиќ…. Зошто ги празнуваме? Како ги празнуваме? Кои традиционални обичаи ги подготвуваме? Зошто се меси лепче со паричка? Која е симболиката на бадниковото гранче и бадниковиот оган?….. Разговарајте за симболиката на коледарското торбиче, што најчесто се собира во торбичето и кога се оди на коледе….Заедно со Вашето дете, испејте ја песничката – Коледе, леде….

Обидете се со вашите најмили, да ja научите Божиќната песничка, која е дадена во прилог.

Пријатна забава!