(4 – 6г.) Песничка “Годишни времиња” – Златно славејче – 2015г.

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Песничка “Годишни времиња” – Златно славејче – 2015г.

Цели на активноста:

-детето да се оспособи да слуша и репродуцира песни, различни по содржина и карактер

-да се поттикне кон самостојно пеење или пеење во група

Тек  на активноста:

Некои деца не е баш лесно да ги забавувате, бидејќи ниту една активност не го задржува нивното внимание. Но, тоа не значи ништо друго, туку дека уште не е пронајдена нивната “слаба точка”, која ја имаат сите деца, а тоа е музиката. Музиката им влијае позитивно на сите дури и на најмалите. На музика речиси сите сакаат да играат, да пеат, а што е најважно за децата – преку музика тие побрзо се развиваат. Музиката ја има силата да не насмее, да не расплаче, да не врати во некое друго време и да не инспирира да танцуваме. Во сите наши најсреќни денови, секогаш тука е музиката.

Активноста може да ја започнете со разговор за годишните времиња, промените и нивните карактеристики:

-Колку годишни времиња има и кои се?

-По што се разликуваат годишните времиња?

-Што се случува со растенијата, животните во пролет, лето, есен, зима?

Потоа ја слушате песничката “Годишни времиња” од Анастазија Габроска – детски фестивал Златно Славејче – 2015 год. и водите разговор за содржината на песничката.

Родители, обидете се да го насочите детето кон фокусирано слушање на песната неколку пати, со повторување на зборовите од песната.

Сега да напоменеме дека при пеењето, телото треба да биде исправено, рамената природно спуштени надолу, рацете покрај телото, нозете треба да бидат во природна положба, изразот на лицето исто така треба да биде природен и се разбира правилно да дишете.

Детето ја слуша песната со повеќе повторувања и доколку покаже интерес, може да танцува според мелодијата.

На крај, може да слушате и звуци кои што асоцираат на годишните времиња.

Пријатна забава!

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев