News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) ”Еден круг на четири дела – година цела”

Цели на активноста:

  • да се поддржува детето во настојувањето да изведува посложена задача ако покаже интерес за тоа
  • да се поттикнува кај детето иницијативност при избор на материјалите за учечките и истражувачките активности
  • развој на фината моторика
  • усовршување на око – рака координација

Потребен материјал:  картон, ножички, лепак за хартија, хартија или картончиња, фломастери, енциклопедија.

Тек на активноста:

Преку оваа активност, Вашето дете ќе го запознаете со промените на природата низ четирите годишни времиња. Притоа, на Вас е оставен изборот што ќе одлучите да користите. Имено, можете да користите детски енциклопедии, слики или едукативни документарни филмови за деца на интернет, преку кои тоа ќе имаат можност да добие подобри визуелни престави за промените во природата. Потоа, пронајдете слики кои ќе ги  превземете  од интернет или уште подобро одвојте малку повеќе време, бидете креативни и нацртајте ги – Вие со негова помош. Тие заеднички  изработени мали сликички, подобро е да бидат со мотиви и карактеристики  за различните годишни времиња. На пример: лале, пеперутка…-пролет; сонце, лубеница… -лето, жолт лист, дожд… -есен; снегулка, снешко… – зима.

Поведете разговор со детето и поттикнете го да Ви опише што гледа, да препознае и да именува кое годишно време е на сликата. Или уште подобро, тоа самото да раскаже по некој случка од сите четири годишни времиња или игра која ја игра и е карактеристична само за одредено  годишно време.

Следно, продолжувате со Вашата заедничка активност. Од голем картон на кој Вие ќе исцртате форма на круг, Вашето дете само со ножички, нека ја  исече таа форма. Потоа,  со фломастер , визуелно поделете го кругот на четири дела, а детето да биде одговорно и задолжено за боење на четирите дела  со различни бои. Притоа, секоја боја треба да го претставува годишното време. Прашајте го детето која боја – на кое годишно време му асоцира (жолта – лето, кафена – есен, сина или бела – зима, зелена или сина – лето).

На крај, секоја апликација залепете ја на соодветното место, според  годишното време во кругот.

Поставете го Кругот на годишни времиња на видно место и од време на време разговарајте за промените на временската сосотојба од ден на ден и од годишно време во друго.

Have fun!

Подготвил: Воспитувач –  Емилија Савовска