News

Активот на воспитувачи од овој објект ја подготви куклената претстава, која создаде весело расположение кај присутните деца, се со цел да се поттикне детската фантазија, развивање на вниманието и мислењето, развивање и негување на детскиот говор, систематизирање и проширување на знаењата за шумските животни и нивните подготовки во есен. Динамиката, ритамот, мелодичноста на говорот, снимените звучни ефекти и музиката, која тивко се слуша во текот на изведувањето, придонесе она што децата го гледаат на сцената, поцелосно и емотивно да го доживеат.

 

Tags