News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Зимска облека = Дидактичко – манипулативни игри

Цели на активноста:

    • Да се прецизираат претставите за зимска облека, за топла и дебела облека што се носи во текот на зимата;
    • Да се разликува зимската облека од останатите облеки кои се носат во текот на годината;
    • Воочување на сличностите и разликите во изгледот на сезонската облека на луѓето;
    • Охрабрување за самостојно реализирање на едноставни истражувачки активности;
    • Поттикнување и развивање на мисловните процеси (мислење, размислување, заклучување, помнење, логичко поврзување итн.);
    • Збогатување на детскиот речник со нови зборови;
    • Поттикнување и негување на фокусирано набљудување и внимание;
    • Поттикнување и негување на љубопитноста и иницијативноста;
    • Поттикнување за користење на стекнатото искуство во процесот на учење;
    • Да се поттикнува да ги користи дланките и прстите на двете раце за ракување со молив и ножички;
  • Развивање на координацијата око – рака;

Потребен материјал: 

Зимска облека за деца и возрасни, хартија за печатење, печатач, боички по избор, ножички, лепак.

Тек на активноста:

За да го зачуваме нашето здравје, покрај здравата исхрана, потребно е и соодветно да се облечеме, според временските услови. Наближува зимата, времето надвор е сѐ постудено, па затоа ни е потребна зимска  топла облека.

Разговарајте со вашето дете како се чувствува кога му студи, кога му е топло, како треба да се облече кога времето е студено, а како кога е топло.  Извадете ја зимската топла облека и поттикнете го детето да ја именува и истовремено да ја покажува или побарајте од него да ја пронајде во својот плакар.

Предложете му на детето да играте натпреварувачка игра со зимската облека, односно  „Кој прв ќе се облече и кој прв ќе се соблече?“

По играта, поттикнете го вашето дете, заедно со вас или самостојно да ги   реализира следниве дидактичко – манипулативни игри, кои се овозможени за печатење.

На крај, облечете се топло и излезете заедно на прошетка во природа.  ☺

 

СЛИКИ ВО ПДФ

Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска