News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) По што се разликуваат денот и ноќта –  што правиш дење, а што ноќе…Говорно-ликовна игра

Цели на активноста:

-Стекнување на сознанија за поимите ден-ноќ;
-Усвојување на работни навики, поврзани со одредени периоди во денот;
-Да се поттикне интересот за учество во ликовни активности, преку користење на различни видови на ликовно изразување

Потребен материјал: енциклопедија, интернет, работни листови (понудени се подолу), стихови, ликовен материјал (темперни  бои, колаж, листови од блок или бели листови)…

Тек на активноста:

Земјата се врти околу замислената оска, Сонцето. Но, исто така, во текот од еден ден и една ноќ, таа се свртува и околу самата себе, како вртелешка. Кога Земјата во која живееме е завртена кон Сонцето, е ден, за исто тоа време, од другата страна на Земјата е ноќ…На Земјата и требаат 24 часа, да се сврти еднаш околу замислената оска.

Сменувањето на денот и ноќта се одигрува рамномерно, но во текот на годината деновите и ноќите не се еднакви. Зимскиот ден е пократок, а ноќта подолга, додека летните денови се подолги од летните ноќи. Ова потекнува оттаму што положбата на Земјата и Сонцето, во текот на годината не е секогаш потполно иста, туку на оддреден начин се поместува. Освен тоа, Земјата не е совршено тркалезна топка, туку малку сплесната. Најдолгиот ден во годината е на 21/22 Јуни, а најдолгата ноќ на 21/22 Декември.

За да му биде појасно на детето, разговарајте со детето, поставувајќи му ги следните прашања: Кога е ден, а кога е ноќ? Што се појавува на небото кога е ден, а што кога е ноќ? Поврзете ги денот и ноќта со конкретни активности (пр. Преку ден појадуваме, одиме во градинка, се шетаме, играме, ручаме, гледаме телевизија… Ноќе спиеме или излегуваме некаде на вечера….)

Играјте игра „Ден-ноќ“- кога ќе речете ден – детето треба да стане, а кога ќе речете ноќ – клекнува. Поттикнете го детето да го набљудува небото навечер – Што забележува? Дали секогаш ја гледа месечината? Дали сите ѕвезди се исти по големина?…

Од колаж хартија исечете ѕвезди, месечина, сонце, облаци. Понудете му на детето бела и црна хартија, лепак. Направете колаж Ден – Ноќ.

Понудете му на детето темперна боја – сликајте Ден – Ноќ, при што на едната половина од листот ќе претставува ден, а другата ноќ.

Објаснете им ги на децата и временските релации “утро, пладне и вечер”… Еве неколку примери… Со утрото започнува денот, стануваме, се миеме, облекуваме и подготвуваме за во градинка. Појадувањето и тоа е дел од утрото, и прошетките и игрите, се до пладне кога се подготвувавме за ручек, но и за мал одмор… После попладневните активности следува вечер и подготовка за вечера, пижамчиња и прекрасните приказни на мама…Тоа се само некои примери на планирани временски релации “утро, пладне и вечер”.

Ви посакувам пријатна работна атмосфера.

Подготвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска