News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Музичка игра “Часовник”

Цели на активноста: 

-да се оспособи за истражување и споредување на различини звуци, гласови, шумови
-да се оспособи за опсервација, слушање и имагинација според доживувањата низ музичките активности
-да се стекне со сензитивност во препознавањето и разликувањето на пријатни и непријатни звуци

Тек на активноста:

На почетокот на активноста, објаснете му на вашето дете што е часовник и за што служи истиот.

Часовник – направа за покажување на време.

Што треба да знаат за часовникот?

Треба да знаат дека, часовникот има голема и мала стрелка и бројки. МАЛАTА СТРЕЛКА ги покажува часовите и се движи побавно, а ГОЛЕМАТА СТРЕЛКА ги покажува минутите и се движи побрзо. Секој број на часовникот, го покажува часот. Има вкупно 12 броеви, значи има 12 часа во еден ден. За еден ден и една ноќ, малата стрелка треба два пати да помине низ сите 12 броеви, значи да направи 2 круга.

Часовникот покрај тоа што го мери времето, тој послужил и како мотив во музиката, за да се напишат и песнички за него.

Во прилог е дадена една убава детска песничка“Тик так”,во која се пее за часовникот и за која се надевам, дека дечињата лесно и брзо ќе ја меморираат, бидејќи е со певлива содржина.

Со часовникот може и да играте во вашиот дом. Се што ви треба е часовник. Ќе го сокриете часовникот, а детето нека го бара по звук. Кога ќе го најде, го крие на одредено место и го прашува следниот што ќе го бара – Каде е часовникот? Играта продолжува се додека не го пронајдат часовникот – сите од семејството.

Пријатна забава!

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев