News

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Декорираме топла облека – колаж
Цели на активноста:
-Развивање и поттикнување на истрајноста и упорноста кај детето
-Поттикнување на радост и задоволство од успешно завршената задача
-Поттикнување и развивање на самодовербата, иницијативноста и креативноста кај детето
-Негување и развивање на интерес и љубов кон уметноста и креативното изразување
-Поттикнување на самостојноста во користењето на ликовниот материјал

Потребни материјали: колажна хартија, весници, копчиња, материјали, салфетки и се она што имате дома, а може да го искоритите.

Тек на активноста:
Започнете разговор со вашето дете за студеното време и како се затоплуваме. Извадете ја и разгледајте ја облеката која не топли и штити од студот – шал, ракавици, капа. Поттикнете го детето да ги именува, опише и да каже кое за што служи.

Потоа заедно, изнајдете најразновидни материјали кои можат да ви користат за активноста што следи. Пуштете ја фантазијата и искористете се што ви се наоѓа дома за колажот кој ќе го правите на однапред нацртани контури на  ракавици, капи, шалови.

Поттикнете го детето да користи самостојно и по сопствен избор материјали кои сте му ги понудиле. Оставете го да биде креативно и да ја декорира својата топла облека. Декорирајте џемпер, ракавици, капа. За да биде поинтересно, можете и на голем хамер да ги нацртате контурите на вашето дете и потоа да го “облечете” заедно.

Подготвил: Воспитувч – Билјана Пушкин