News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) „Запознавање со метеoрологија” –  Разговор со набљудување

Цели на активноста:

  • Да се поттикнат способности за користење на истражувањето и набљудувањето како средство за осознавање и учење
  • Да се запознава со метеролошките појави и атмосферските прилики во непосредната средина
  • Да се оспособува за препознавање и вербално искажување на временските промени

Потребен материјал: детска енциклопедија, сликички, бели листови

Тек на активниста: Годишното време во кое забележуваме најмногу временски промени е есента, па во таа насока би сакале да ги запознаеме дечињата со терминот метерологија, што означува, како се нарекуваат луѓето што се занимаваат со оваа професија и сл.

Метерологијата ги изучува временските промени што се случуваат во атмосферата со цел предвидување на временските промени за еден ден, повеќе денови или цела година. Така ние секој ден знаеме какво ќе биде времето, ако врне – да си земеме чадорче, ако дува силен ветар – потопло да се облечеме, ако паѓа снег – да си ставиме капче и шалче…

Временската прогноза ни ја соопштуваат луѓето кои работат во метеролошка станица – метеролози. За да дознаат метеролозите какво ќе биде времето, користат метеоролошки инструменти кои приближно точно можат да ги предвидат временските промени (брзината на ветерот се мери со ветроказ, количеството на дожд со дождомер, висината на снегот со снегомер, температурата на воздухот се мери со термограф…)

За полесно да му ги објасните промените што се случуваат во атмосферата, излезете надвор со вашето дете и набљудувајте; Какво е времето денес? Погледни ги облаците, темни се, што мислиш дека ќе се случи? Каков е ветерот што дува, топол или ладен?

За да биде интересно учењето, Ви предлагам игра на асоцијација – да изработите Дневник со зборови (сликички) што означуваат временски промени (види слика) или да создавате „приказни“ во кои ќе користите сликички, кои ќе го поттикнуваат детето да ги повторува временските прилики – дождливо, сончево, ветровито, облачно и сл. пр. Ако на детето му покажете сликичка на која е претставено чадорче, треба да очекувате детето да каже – времето  е дождливо.

Како интересен предлог за забава и учење, може да биде – Цртање на камчиња со фломастери (види слика), каде ќе ги поттикнете децата да ги нацртаат временските промени. Потоа може да го испринтате дидактичкиот лист за поврзување, каде детето  ќе ги сумира стекнатите знаења.

Ви посакувам убава метеролошка забава и чувајте се. ☺

Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ